Родителите чии дечиња годинава треба првпат да тргнат во училиште, од општина Крива Паланка ќе добијат еднократна парична помош од 3.000 денари. Во текот на овој месец започнува уписот на првоодделенчиња во основните училишта „Илинден“ и „Св. Јоаким Крчовски“ на територијата на Општина Крива Паланка.

Потребните документи за аплицирање за овие финасиски средства се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче, за учебната 2026/2027 година, кои треба да се достават до архивата на Општина Крива Паланка.

 

ИЗДВОЕНИ