Пилот на Вооружените сили на Србија загина при пад на авион „МиГ-29“ меѓу Нова и Стара Пазова.
Смртта на пилотот е потврдена за РТС.
Авионот, кој ѝ припаѓал на 204-тата воздухопловна бригада стационирана во Батајница, се урнал на нива и е целосно уништено.
На местото на настанот се наоѓаат пожарникари, екипи на брза помош, полиција и воена полиција.
Министерството за одбрана сè уште нема издадено соопштение во врска со оваа несреќа.
View this post on Instagram










