вторник, ноември 17, 2026
Дома БАЛКАН Претставници на „Студентската листа“ влегоа во парламентот со погача и песна –...

Претставници на „Студентската листа“ влегоа во парламентот со погача и песна – Лидија Вукиќевиќ полеана со јогурт/ВИДЕО

1179
Фото: Mašina X @MasinaRS

Во Србија, денеска се одржува конститутивната седница на новото Народно собрание. Седницата го означува официјалниот почеток на парламентарната работа по неодамнешните вонредни избори, на кои победи „Студентската листа“. Конечните изборни резултати покажуваат дека оваа листа има апсолутно мнозинство од околу 140 пратенички места, додека листата на Александар Вучиќ освои 103 места.

Овој историски исход предизвика нов политички судир во пресрет на конституирањето на Собранието. Се очекува на денешната седница да се потврдат пратеничките мандати, како и да се изберат нов претседател на Собранието, потпретседатели и генерален секретар на Собранието.

Според неофицијални информации, новиот претседател на Собранието би можел да дојде од академската заедница, која е застапена во победничката листа. Со конституирањето на парламентот започнува да тече законскиот рок од 90 дена за формирање на нова српска влада.

Со оглед на тоа што Александар Вучиќ претходно поднесе оставка од функцијата шеф на државата, во Србија наскоро ќе се одржат нови претседателски избори – на кои, според Уставот, тој веќе нема право да се кандидира.

Целиот процес предизвикува голем интерес кај домашната и меѓународната јавност, поради значителните промени во политичкиот пејзаж во земјата. Се очекува и седницата и собирот на граѓани пред зградата да поминат во многу напната и емотивна атмосфера.

Вучиќ: Студентската листа ги повика луѓето да дојдат и да прават хаос

Александар Вучиќ, кој се појавува како претседател на пратеничката група на Српската напредна партија (СНС), им се пожали на новинарите во холот на Собранието дека пратениците на СНС биле изложени на напади и инциденти. На видеото објавено од Mašina.rs се гледа како некој истура јогурт врз пратеничката и актерка Лидија Вукичевиќ.

„Ова не падна од неб, ова се луѓе кои беа повикани да дојдат и да прават хаос. Луѓето беа повикани да дојдат во Пионирски парк синоќа – ги повика ’Студентската листа‘ – и тие луѓе ги нападнаа народните претставници“, изјави Вучиќ.

Пречек пред Собранието со погача и песна

При пристигнувањето на платото пред зградата на Парламентот, идните претставници традиционално беа пречекани со погача. Професорот Александар Чупиќ, еден од кандидатите на листата, ја поведе добро познатата песна „Hajde grade, svi uz naše mlade“, што предизвика громогласен аплауз кај присутните, додека постарите граѓани не ги криеја солзите.

Уште пред 8 часот наутро, неколку стотици граѓани се собраа за да им дадат поддршка на кандидатите од „Студентската листа“ и да ги придружат до денешната седница. Присутните ги поздравија пратениците со извици: „Победа!“ и „Пумпа!“.

ИЗДВОЕНИ