понеделник, јуни 22, 2026
Дома СВЕТ Пијан возач усмрти учесник во полумаратонот на Флорида – осомничениот за трагичниот...

Пијан возач усмрти учесник во полумаратонот на Флорида – осомничениот за трагичниот инцидент е уапсен

64

Полицијата во Мелбурн, Флорида, денес објави дека Џејмс Дејвид Вилсон, возачот кој уби учесник во трката со својот автомобил за време на полумаратонот на 8 февруари, е уапсен.

По истрагата, Вилсон беше обвинет за убиство од небрежност, со оглед на тоа што возел под дејство на алкохол, објави шпанскиот весник „Marca“.

Тој, управувајќи со син комби „Шевролет“, влегол во тркачката рута и го удрил 74-годишниот Алберт Џерингтон Свон, кој подоцна починал од повредите.

Наредникот Бен Словер изјави за списанието Runner’s World дека во сложените истраги е потребно да се соберат сите релевантни докази пред да се изврши апсење.

Директорот на трката, Мич Варнс, го опиша инцидентот како „многу тажен и трагичен“, додавајќи дека е задоволен што осомничениот е уапсен и се очекува да биде повикан на одговорност за своите постапки, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ