Во првите девет месеци од годинава во Македонија се регистрирани 1.337 кривични дела поврзани со семејно насилство, а како жртви се евидентирани 1.433 лица, од кои дури 1.144 се жени. Ова го покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи за периодот од јануари до септември 2026 година.За овие кривични дела пријавени се 1.388 сторители, од кои 1.278 мажи и 110 жени. Меѓу жртвите има и 289 мажи, но жените се убедливо најзастапени.
Покрај кривичните дела, во истиот период полицијата регистрирала и 191 прекршок поврзан со семејно насилство. За нив се пријавени 228 сторители, од кои 196 мажи и 32 жени, како и 221 жртва – 126 мажи и 95 жени.
Дополнително, во полициската евиденција се заведени 3.869 поплаки за семејно насилство. Во овие случаи пријавени се 3.971 сторител, од кои 3.090 мажи и 881 жена. Како жртви се евидентирани 3.961 лице, меѓу кои 2.567 жени и 1.394 мажи.Од МВР упатуваат апел до граѓаните да не молчат и да не го премолчуваат семејното насилство, туку навремено да го пријавуваат секој случај.
Секој што е жртва на семејно насилство, но и секој што има сознанија за вакви случаи, може да ги пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192.












