Доделувањето дополнителни средства од Европската унија за Киев нема да придонесе за мирно решавање на конфликтот, туку напротив, тоа ќе ја охрабри Украина да продолжи со борбените дејствија, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, за време на брифинг.
„Последиците за мировниот процес се далеку од позитивни. Режимот во Киев – охрабрен и осоколен од Европејците – станува сè понесклон кон мировен процес и сè повеќе посветен на продолжување на војната, на штета на интересите, пред сè, на граѓаните на Украина, но и на граѓаните на европските нации“, рече Песков.
На 18 ноември, Европската комисија предложи да ѝ се обезбедат на Украина дополнителни 45 милијарди евра, покрај претходно одобрениот заем од 90 милијарди евра.
Од оваа сума, 25 милијарди евра се наменети за воени трошоци, додека 20 милијарди се наменети за цивилни потреби, вклучително и за болници и училишта.
Во декември 2025 година, лидерите на Европската унија се договорија за заем од 90 милијарди евра за Украина, кој ќе го покрие периодот 2026–2027 година, при што одлучија да не ги користат руските средства за оваа намена.












