Пентагон се подготвува за недели копнени операции во Иран, објави во саботата „Вашингтон пост“, повикувајќи се на американски претставници.
Плановите би можеле да вклучуваат напади од страна на единици за специјални операции и конвенционална пешадија, објави весникот. Останува нејасно дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе одобри некој од плановите, рече изворот.
Администрацијата на Трамп распореди американски маринци на Блискиот Исток додека војната во Иран влегува во својата петта недела, а исто така планира да испрати илјадници војници од 82-та воздушно-десантна дивизија на американската армија во регионот.
Американскиот воен брод „Триполи“ со 3.500 маринци пристигна на Блискиот Исток












