среда, јули 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пеколни горештини ја зафаќаат Македонија: УХМР издаде метеоаларм, следуваат екстремни температури

Пеколни горештини ја зафаќаат Македонија: УХМР издаде метеоаларм, следуваат екстремни температури

0

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм поради очекуваните високи температури што ќе ја зафатат земјава во периодот од 29 јули до 2 август 2026 година.

Според најавите на УХМР, во наредните денови ќе преовладува многу топло време, а во поголем дел од државата се очекуваат екстремно високи дневни температури.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено во најтоплиот дел од денот, да избегнуваат подолг престој на директно сонце, да внесуваат доволно течности и да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран.

Посебна претпазливост се препорачува за постарите лица, хронично болните, децата, бремените жени, како и за лицата кои работат на отворено.

Од УХМР информираат дека ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата и навремено ќе ја известуваат јавноста за евентуални промени на временските услови.

ИЗДВОЕНИ