Сообраќајот на регионалниот пат Р1301 Охрид – Свети Наум е целосно нормализиран од 10:50 часот, откако беше расчистен одронот на делницата меѓу селото Трпејца и Свети Наум, соопштија од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Поради одронот, сообраќајот на овој патен правец од утринските часови, почнувајќи од 6:30 часот, се одвиваше отежнато и по една коловозна лента, сè до целосното отстранување на наносот и обезбедување на безбедни услови за сообраќај.
Надлежните служби апелираат до возачите и понатаму да бидат внимателни, особено на делниците низ клисури и покрај езерото, каде постои зголемен ризик од одрони.
ИЗДВОЕНИ

Академската заедница бара МОН да го врати „родот“ во наставната програма

Приведен сопственикот на „Алта банка“ по повеќе од 30 часа полициски претрес

ИНТЕРВЈУ со Розита Андонова: Разговорот со психолог не е слабост, туку грижа за себе

„АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи – администрацијата е привремена мерка за заштита на Банката и на штедачите до промена на сопственоста








