Словенија, според наводите на аналитичарите, стана првата земја во Европската Унија што воведе рационирање на горивото, што може да вклучува QR кодови на пумпите, систем на парни и непарни регистарски таблички, како и ограничување на количината на гориво по возило.
Оваа информација ја презентираше Шанака Анслем Перера, независен аналитичар кој се занимава со глобална економија и геополитика, предупредувајќи дека ова е модел кој веќе го примениле земји како Шри Ланка, Бангладеш и Пакистан.
Како што наведува тој, систем кој некогаш се сметал за проблем на земјите во развој, сега, за прв пат, се појавува во срцето на Европа.
Главната причина за овие мерки е ненадејното нарушување на глобалниот пазар на енергија. По затворањето на Ормутскиот теснец, низ кој минуваат околу 20 проценти од светската нафта, цената на течниот природен гас (LNG) во Европа скокна за помеѓу 35 и 50 проценти.
Дополнителен удар дојде од Рас Лафан во Катар, еден од клучните светски центри за LNG, кој беше погоден од напади и прекинати операции, со проценето време на закрепнување од три до пет години.
Во исто време, рускиот гас веќе е намален поради војната во Украина, додека Норвешка работи со максимален капацитет и не може дополнително да го зголеми производството. Единствениот преостанат главен снабдувач на ЕУ се Соединетите Американски Држави, чиј претседател штотуку испрати порака до 450 милиони Европејци да ратификуваат трговски договор од 750 милијарди долари до четврток или ќе го изгубат пристапот до американскиот LNG.
BREAKING: Slovenia just became the first European Union country to introduce fuel rationing. QR codes at the pump. Odd-even licence plate systems. Purchase limits per vehicle. The same system Sri Lanka implemented three weeks ago. The same system Bangladesh and Pakistan adopted… pic.twitter.com/NEkfBKryF4
— Shanaka Anslem Perera ⚡ (@shanaka86) March 24, 2026
Иако е мала земја со население од околу два милиони, Словенија сега се смета за прв знак за можен поширок проблем во Европската Унија.
Стратешките енергетски резерви можат само да ја одложат кризата, а не да ја спречат. Според аналитичарите, Словенија го „купила“ тој период само за неколку недели.
Клучното прашање повеќе не е дали другите земји од ЕУ ќе воведат слични мерки, туку кога.
Следниот чекор – недостиг на храна?
Кризата не завршува со енергијата. Затворањето на Ормутскиот теснец влијае и на глобалниот пазар на ѓубрива, бидејќи земјите од Заливот обезбедуваат речиси половина од светскиот извоз на уреа.
Без доволно ѓубриво, се очекува приносите во земјоделството да се намалат за 5 до 10 проценти, што може да доведе до нов бран на зголемување на цените на храната.
Експертите предупредуваат дека, доколку ситуацијата не се стабилизира, рационирањето може да се прошири и на основните прехранбени производи.












