недела, јуни 28, 2026
Дома СВЕТ Паника над Балтичкото Море, пресретнат руски авион

Паника над Балтичкото Море, пресретнат руски авион

199

Полските воздухопловни сили денес пресретнаа руски извидувачки авион над меѓународните води во Балтичкото Море, соопшти полската војска, истакнувајќи дека летот на рускиот авион се смета за потенцијална закана и провокација.

„Авионот летал во меѓународен воздушен простор без поднесен план за лет и со исклучени транспондери. Немало нарушување на полскиот воздушен простор“, се вели во соопштението на војската, објави Ројтерс.

Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш изјави дека летовите на воените авиони без вклучени транспондери би можеле да претставуваат закана за другите авиони и дека полските воени пилоти секогаш ќе реагираат.

„Ова е уште една агресивна акција на Руската Федерација и тест на нашите системи за воздушна одбрана“, рече министерот.

ИЗДВОЕНИ