Новата сезона во Евролигата започнува на 24 септември, а објавена е и првата официјална прогноза за пласманот на сите 20 екипи. Според предвидувањата, главен фаворит за европската круна е Панатинаикос, кој летово го врати легендарниот Жељко Обрадовиќ на тренерската клупа. Грчкиот великан дополнително се засили со Силваин Франциско, Мустафа Фал, Гершон Јабуселе, Исак Бонга и Бранку Бадио, па српскиот стратег ќе ја брка својата десетта титула во Евролигата.

На второто место е актуелниот шампион Олимпијакос, додека трет фаворит е Фенербахче. Реал Мадрид е рангиран на четвртата позиција. Во продолжение следуваат Хапоел Тел Авив, Дубаи, Анадолу Ефес и Жалгирис, додека Црвена звезда е десетта. Партизан, пак, е сместен на 13. место, зад Барселона и Валенсија.

На дното од прогнозата се Виртус Болоња, Басконија и Асвел, кои според оваа процена ќе имаат најмалку шанси за висок пласман во сезоната 2026/27.

ИЗДВОЕНИ