среда, август 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Адреналинска трка во духот на антички Стоби

Адреналинска трка во духот на антички Стоби

4

На 12 и 13 септември ќе се одржи „Најк мото биг рејс“, настан што ќе ги обедини љубителите на АТВ-спортот, адреналинот и културното наследство. Трките ќе се возат во непосредна близина на античкиот локалитет Стоби – еден од најзначајните археолошки локалитети во земјава, препознатлив по своите римски мозаици, амфитеатарот и богатата историја.

Организаторите најавуваат дека покрај натпреварувачкиот дух, настанот ќе понуди и уникатен амбиент во кој современиот мотоспорт ќе се спои со атмосферата на античкиот град. Историјата на Стоби, некогашен важен центар на трговијата, уметноста и гладијаторските борби, ќе биде дополнителна инспирација за учесниците и посетителите.

Натпреварувањето започнува во 09:00 часот, а за најуспешните се обезбедени парични награди од 100.000 денари за првото место, 50.000 денари за второто и 25.000 денари за третото место. Доколку се пријават повеќе од 100 натпреварувачи, организаторите најавуваат дека наградата за победникот ќе биде зголемена на 200.000 денари.

Oрганизаторите очекуваат голем интерес од возачи од земјава и регионот. Со спојот на адреналинската трка и историскиот амбиент на Стоби, настанот има амбиција да прерасне во препознатлива спортско-туристичка манифестација која ќе го промовира регионот и неговото богато културно наследство.

 

ИЗДВОЕНИ