понеделник, јуни 29, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Паднаа цените на керозинот: Но, дали патниците можат да очекуваат поевтини авионски...

Паднаа цените на керозинот: Но, дали патниците можат да очекуваат поевтини авионски билети?

10

Цените на авионското гориво, кои речиси се дуплираа во првите недели од војната во Иран, сега нагло паѓаат. Авиокомпаниите го искористија наглото зголемување на трошоците како изговор за да ги зголемат цените на авионските билети и разните такси. Сепак, иако горивото значително падна во последните два месеци, цените за патниците останаа исти, пишува CNN.

Кога цените на горивата се зголемија, авиокомпаниите ги префрлија дополнителните трошоци на патниците. „Немавме избор“, рече извршниот директор на Делта, Ед Бастијан, минатата недела, потсетувајќи дека големите авиокомпании имале речиси 2 милијарди долари дополнителни трошоци за гориво во овој квартал.

Сепак, цените на горивата се намалија во последните два месеци, но компаниите не планираат да ги повлечат зголемувањата на цените. Бастијан рече дека цените на билетите сега се на „соодветно ниво“, и покрај „значително“ пониските трошоци. Високите цени на билетите првенствено се должат на големата побарувачка – луѓето едноставно се подготвени да платат повеќе за време на летната туристичка сезона. Покрај тоа, во понудата се и помалку седишта во авионите.

Истите фактори на понудата и побарувачката што ги одржуваат цените на авионските билети високи, исто така, ја намалија цената на горивата за авиони. Побарувачката за гориво опадна бидејќи авиокомпаниите ги намалија летовите, додека американските рафинерии го зголемија производството за да ги искористат претходно повисоките цени, вели независниот аналитичар за нафта Том Клоза.

Овие два фактори ги намалија цените на млазните горива за 40 проценти од нивниот априлски врв, според податоците од индустриската група „Ерлајнс фор Америка“ од 25 јуни. Во меѓувреме, речиси сите авионски билети се од 15 до 20 проценти поскапи од минатата година, според податоците на DBS.

„Авиокомпаниите ги зголемија цените осум пати од пролетта, најновото пред само две недели“, рече Мајк Линеберг, аналитичар во истата групација.

Тој истакнува дека цените се повисоки и поради помалку достапни седишта, што е резултат на откажувањето на помалку популарните и поевтини летови. Затворањето на „Спирит ерлајнс“ во мај дополнително ја влоши ситуацијата.

Самите раководители на авиокомпаниите јавно признаа дека цената на билетите е најмногу погодена од понудата на седишта и побарувачката за летови, а не од цената на горивото.

ИЗДВОЕНИ