недела, јуни 7, 2026
Дома БАЛКАН Пад на цените на храната за 15 до 20 отсто во Србија,...

Пад на цените на храната за 15 до 20 отсто во Србија, најави Вучиќ

783

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва објави дека цените на претежно прехранбените производи ќе бидат пониски за 15 до 20 проценти од есен.

Тој за телевизијата Пинк изјави дека во наредните денови ќе бидат презентирани мерките за ова, на кои работеле луѓе од неговиот кабинет и владата.

Тој рече дека цените на храната и безалкохолните пијалоци во Србија во 95 проценти се како оние во ЕУ и додаде дека ќе има ограничена маржа на профит „што ќе доведе до намалување на цените“.

„Ќе ја ограничиме маржата, но цените ќе мора да се намалат за 15-20 проценти. Житни култури, леб, масло, брашно… она што е најпотребно за секојдневниот живот“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ