четврток, јули 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Отворена 15-годишната јубилејна сезона на Аквапарк-Пробиштип

Отворена 15-годишната јубилејна сезона на Аквапарк-Пробиштип

87

Аквапаркот во Пробиштип, едно од најпрепознатливите летни дестинации во Македонија, денеска, официјално ја отвори својата 15. јубилејна сезона, означувајќи го почетокот на уште едно лето исполнето со водени атракции, музика, релаксација и динамична забавна програма за сите генерации.

Со тоа, Аквапарк –  Пробиштип ја продолжи приказната која веќе петнаесет години претставува симбол на летна забава, дружење и незаборавни моменти.

– И ова лето посетителите ќе можат да уживаат во повеќе од 20 атракции и содржини, меѓу кои базени, водени атракции, адреналински тобогани, џакузи, простори за релаксација и сончање, семејни зони, богата понуда на храна и пијалаци и современ „опен ер“ амбиент создаден за вистинско летно уживање – соопштија од Аквапарк – Пробиштип.

Притоа додаваат дека посебна вредност на Аквапаркот претставува концептот што нуди различно искуство во зависност од денот. Во текот на работната недела, посетителите можат да уживаат во мирна, релаксирана и „чил“ атмосфера, идеална за одмор и бегство од секојдневието, додека за време на викендите, паркот добива поенергична димензија исполнета со музика, динамика и забавна атмосфера која создава вистинско доживување на летната забава.

Јубилејната сезона 2026 носи и богата музичко-забавна програма со концерти на локални и регионални ѕвезди, диџеј-настапи, ноќни и дневни забавни стендап комедии, тинејџерски и фамилијарни и настани, водени лудории и тематски викенди. Во текот на летото, посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапи и гостувања на бројни домашни и регионални музички имиња, диџеи и тематски програми, кои дополнително ќе ја збогатат летната атмосфера.

Сезоната ќе трае до септември.

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ