Настапите на американската пејачка Кристина Агилера и колумбиската пејачка Шакира во рамките на музички фестивал во Абу Даби се откажани, бидејќи војната на Блискиот Исток продолжува да го попречува одржувањето на настани во регионот.
Како што пренесува „Араб тајмс“ (Arab Times), организаторите на музичкиот фестивал „Офлимитс“ (Offlimits), кој беше планиран за ноември во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, соопштија дека на купувачите на билети ќе им бидат вратени парите.
„Со нетрпение очекуваме повторно да ја собереме заедницата на ’Офлимитс‘ во 2027 година“, се наведува во пораката објавена на веб-страницата на фестивалот.












