Нападите од украински беспилотни летала во текот на ноќта и денес во неколку руски региони загинаа најмалку осум лица, а меѓу погодените цели беше и магацинот на „Вајлдбери“, најголемата онлајн продавница во Русија, соопштија регионалните власти.
Руското Министерство за одбрана објави дека соборило 635 украински беспилотни летала во текот на ноќта. Гувернерот на Самара, Вјачеслав Федоришчев, изјави дека украинските беспилотни летала го погодиле магацинот „Вајлдбери“ во Самара, на околу 800 километри од најнапредните воени позиции на Украина. Тој изјави дека нема жртви и дека пожарникарите го гаснат пожарот предизвикан од нападот.
Во последните месеци, Украина сè повеќе таргетира цели длабоко во Русија, особено економската и енергетската инфраструктура, во обид да ја ослабне способноста на Москва да води војна што трае повеќе од четири години. Од 18 јули, украинските сили нападнаа десетина локации на „Вајлдбери“ за да го нарушат работењето на компанијата што често се нарекува руски одговор на „Амазон“.
Во соседната област Саратов, две лица загинаа во напад врз станбена зграда во градот Енгелс, изјави гувернерот Роман Бусаргин, додавајќи дека е оштетена и цивилната инфраструктура во Енгелс и Саратов. Украинската војска соопшти дека погодила рафинерија во Саратов и воена воздухопловна база во Енгелс, каде што избувнаа пожари, како и складиште за нафта во западниот регион Калуга. Во напад со беспилотни летала врз руската република Удмуртија, три лица загинаа, а две се повредени, соопшти вршителката на должноста гувернерка Олга Абрамова.
Три лица загинаа, а пет се повредени во украинските напади во пограничниот регион Белгород. Гувернерот на Башкортостан, Радиј Хабиров, изјави дека воздушната одбрана одбила голем напад со беспилотни летала врз индустриски објекти и дека едно беспилотно летало е соборено над индустриската зона на главниот град Уфа, каде што избувнал пожар.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили погодиле инфраструктура и два брода со воен товар во украинското пристаниште Николаев, како и брод што транспортирал воена опрема во Црното Море. Во југоисточниот украински град Запорожје, руски наведувани бомби убија едно лице, а ранија 21, објави регионалниот гувернер Иван Федоров, пренесе „Хина“.
Ukraine’s long-range drone campaign appears to have struck another Wildberries distribution center, this time in Novosyomyeikino, continuing a sustained effort to target Russia’s largest e-commerce and logistics network. According to Russian officials, the strike ignited a fire… pic.twitter.com/5C2EdDS3UA
— OSINTdefender (@sentdefender) August 2, 2026












