Ракометарите на ГРК Охрид направија сигурен чекор кон полуфиналето во Европскиот ЕХФ куп, откако во првиот четвртфинален натпревар, на гости во Атина, го совладаа Олимпијакос со 31:26.

Охрид покажа класа, водеше во текот на целиот меч и со тоа обезбеди значајна предност пред реваншот на домашен терен. Охриѓани првпат се одлепија на три голови разлика на средина од првото полувреме, а потоа само ја одржуваа предноста, па во одредени моменти и ја зголемуваа, пред се благодарение на голманот Пилиповиќ кој беше одличен на голот. Разликата остварена во првиот дел рутински ја одржаа во второто полувреме. Олимпијакос се обиде да направи нешто повеќе, неколку пати грчките играчи имаа минус од три гола, но тоа беше се што успеаја да направат покрај разиграниот Охрид.

Пилиповиќ пружи одлична партија на голот со 16 одбрани, а покрај него феноменално издание имаа и Лиапис и Иванковиќ со по седум погодоци. На спротивната страна Савас запиша 14 голови.

Реваншот е закажан за 4 април, кога Охрид ќе го пречека Олимпијакос на домашен терен.

ИЗДВОЕНИ