петок, јуни 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Охрид добива „Безбеден град“: Камерите стартуваа со тестирање на автопатската делница

Охрид добива „Безбеден град“: Камерите стартуваа со тестирање на автопатската делница

1

Возачите кои сообраќаат низ охридскиот регион треба да бидат дополнително внимателни, бидејќи современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City) постепено почнува да се воведува и на подрачјето на СВР Охрид.

Како што информираат од СВР Охрид, вчера, по завршеното финално тестирање, во функција се ставени безбедносните камери на автопатската делница кај Ново Село, во општина Дебрца.

Од полицијата појаснуваат дека камерите во моментов се во фаза на завршна техничка проверка и тестирање, па сè уште не вршат автоматско санкционирање на прекршоците.

Во наредниот период, системот „Безбеден град“ треба да биде пуштен во функција и на патниот правец меѓу селата Горенци и Требеништа, како и на останатите пофреквентни сообраќајници и долж Коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид.

Од СВР Охрид истакнуваат дека системот ќе овозможи постојан сообраќаен надзор, автоматска детекција на прекршоци, поголема сообраќајна дисциплина и зголемена безбедност на патиштата, со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Воедно, полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено ограничувањето на брзината на автопатската делница кај Ново Село, каде максимално дозволената брзина изнесува 100 километри на час.

ИЗДВОЕНИ