вторник, јуни 16, 2026
Дома БАЛКАН Одземен имунитетот на 13-мина пратеници од владејачката партија во Грција – проневериле...

Одземен имунитетот на 13-мина пратеници од владејачката партија во Грција – проневериле 22 милиони евра од земјоделските субвенции на ЕУ

385

Грчкиот Парламент им го одзеде имунитетот на 13-мина пратеници од владејачката партија Нова демократија поради вмешаност во скандал со проневера на европски земјоделски субвенции.

Во фокус е работењето на државната агенција ОПЕКЕПЕ, која е задолжена за распределба на земјоделските субвенции од Европската Унија. Истрагата на Европското јавно обвинителство (ЕППО) откри системска измама во периодот од 2019 до 2024 година, при што преку фалсификување документи за сопственост на пасишта биле проневерени над 22 милиони евра. Поради лошото управување со овие средства, Брисел веќе ја казни Грција со 390 милиони евра, што дополнително го зголеми притисокот врз администрацијата во Атина.

Овој скандал ја продлабочи кризата со довербата во Владата на премиерот Киријакос Мицотакис и го става под лупа управувањето со фондовите на Европската Унија.

 

ИЗДВОЕНИ