Филмот „Странецот“ од францускиот режисер Франсоа Озон, адаптација на познатиот роман од Албер Ками, веќе може да се гледа во македонските кина, објави дистрибутерот МЦФ МКД.
Режисерот Озон призна дека било огромен предизвик да се адаптира познатото дело на Ками од 1942 година и брзо сфатил дека тоа е начин да се поврзе со заборавен дел од личната историја.
– Мојот дедо по мајчина линија беше истражен судија во Алжир и преживеа атентат во 1956 година, што го забрза враќањето на моето семејство во Франција – откри Озон.
Пребарувајќи по документи, архиви и разговарајќи со историчари, Озон сфатил „колку француски семејства имаат врски со Алжир и дека честопати постои тешка тага што ги придружува тие приказни“.
Дејството на филмот се одвива во 1938 година, во Алжир, каде што официјалниот Мерсо присуствува на погребот на својата мајка без да покаже ни трошка емоција, а веќе следниот ден започнува лежерна романса со Марија.
– Книгата длабоко ме погоди, особено апсурдот на животот што го опишува Ками без да падне во очај. Таа книга, а се надевам и овој филм, поставува прашања, што е и целта – додаде режисерот.
Во адаптацијата на Озон глумат Бенџамин Воасен, Ребека Мардер, Пјер Лотин, Дени Лаван и други.












