понеделник, септември 14, 2026
Дома БАЛКАН Одреден е притвор за малолетникот кој нападна ученик и хигиениарка во средно...

Одреден е притвор за малолетникот кој нападна ученик и хигиениарка во средно училиште во Загреб

0

Одреден е притвор за малолетникот кој нападна ученик и хигиеничарка во Електротехничкото средно училиште во Загреб, поради опасност од повторување на делото.

На барање на Окружното државно обвинителство во Велика Горица, судијата за малолетници при Окружниот суд во Велика Горица изврши првично сослушување на малолетникот, кој е хрватски државјанин. Тој е осомничен за извршување на кривичното дело обид за тешко убиство, две дела обид за убиство и девет дела повреда на правата на детето.

Според наводите на обвинителството, утрото на 11 септември во Загреб, петнаесетгодишникот договорил средба со четиринаесетгодишен ученик кој го посетувал истото училиште.

Се сомнева дека имал намера да го убие ученикот; откако се сретнале во просторија во училиштето, тој наводно му нанел повеќе убодни рани со нож на телото на жртвата. Повредениот ученик се здобил со тешки повреди опасни по живот, но животот му бил спасен со итна медицинска интервенција.

Потоа, петнаесетгодишникот наводно замавнал со ножот и се упатил кон хигиеничарка, но таа успеала да побегне. Осомничениот потоа се свртел кон втора хигиеничарка, 59-годишна жена, и ѝ нанел убодни рани на телото, но други вработени во училиштето го спречиле да го продолжи нападот.

Повредената хигиеничарка се здобила со тешки повреди опасни по живот, но животот ѝ бил спасен со итна медицинска интервенција, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ