сабота, јануари 31, 2026
Дома СВЕТ Од болничка постела папата Франциск повика за прекин на војните

Од болничка постела папата Франциск повика за прекин на војните

39

Папата Франциск, кој беше хоспитализиран поради пневмонија, преку писмо повика на прекин на војните и на дипломатски решенија за конфликтите.

Во писмото до весникот „Кориере дела сера“, папата рече дека неговата долга болест му помогнала да му стане уште појасна апсурдноста на војната и го обновил својот повик до дипломатијата и меѓународните организации да најдат нова виталност и кредибилитет.

Папата укажа и на важноста на зборовите велејќи дека „мора да ги разоружиме зборовите, да ги разоружиме умовите и да ја разоружиме Земјата“. Претходно денеска, Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс ќе се сретне со папата Франциско меѓу 7 и 10 април и покрај болеста на католичкиот водач.

Папата (88) беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари со тешка респираторна инфекција и оттогаш не е виден во јавноста, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ