Еден од патниците кој со своите деца бил во возот за време на синоќешниот масовниот напад со нож помеѓу Донкастер и Лондон раскажа за Би-Би-Си како тој и неговите деца доживеале моменти на паника и целосна неизвесност додека нападот се одвивал неколку вагони подалеку.
Стив, кој патувал во вагонот Б со своите две деца, изјави за Би-Би-Си Радио 4 дека нападот се случил во вагонот Ј. Иако не го видел самиот напад, слушнал официјално соопштение преку звучникот: „Свесни сме за инцидентот. Ве молиме, останете безбедни.“
„Беше застрашувачки да се слушне, а да не се знае што навистина се случува. Најлошиот дел беше да се биде во возот, буквално заклучен во кутија и не можејќи да се излезе“, рече Стив.
Кога возот застана на станицата Хантингдон, паничените патници почнаа да тропаат по вратите и да ги повикуваат вработените на перонот за насоки. „Викавме: „Што да правиме?“ Не знаев дали да излезам или да останам во возот. Персоналот исто така не знаеше што да каже“, рече тој.
⚠️WARNING: This post describes a suspected terrorist incident involving mass casualties.
A suspected terror attack on a train near Huntingdon, Cambridgeshire, left 10 people with knife wounds on Saturday night.
British Transport Police were called to the LNER train (the 6:25 pm… pic.twitter.com/mClHzEolLA
— True Crime Updates (@TrueCrimeUpdat) November 2, 2025
Стив на крајот истрчал од станицата со децата и се упатил кон блиската куќа, каде што еден постар пар им понудил засолниште додека не стане безбедно да заминат. „Децата се многу потресени, но добро се справуваат. Неверојатно сум благодарен што моето семејство е безбедно“, рече тој.
Нападот се случи во воз на Лондонската североисточна железница помеѓу Донкастер и Лондон. Маж вооружен со нож почнал случајно да ги напаѓа патниците откако возот поминал низ Питерборо.
Десет лица се повредени, а двајца се уште се во критична состојба. Полицијата уапси двајца мажи, на возраст од 32 и 35 години, двајцата британски државјани, под сомнение за обид за убиство. Иако во истрагата се вклучени и единици за борба против тероризмот, Британската транспортна полиција соопшти дека во овој момент „нема индикации за терористички мотив“.












