вторник, јули 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Обвинителството бара притвор за 76 годишниот возач од Косово кој удри...

Обвинителството бара притвор за 76 годишниот возач од Косово кој удри во автомобил во кој загинаа четворица

337

Обвинителството бара притвор за 76 годишниот возач на камион со приколка од Косово кој изгуби контрола и удри во автомобил на скопската обиколница. Од ударот камионот се запалил, а целосно изгоре и БМВ-то во кое загинаа четворица, 20-годишните Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов и Адам Велков, како и таткото на Адам, познатиот оперски баритон Ристе Велков, кој имал 51 година.

“Јавен обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток. Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол во близина на клучката Мирковци брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадени услови можел да ја предвиди. Во еден момент изгубил контрола над возилото и свртел во лево, па удрил и ја пробил металната одбојна ограда и продолжил со движење, преминувајќи на коловозот од автопатот наменет за движење на возилата од спротивната насока, каде во него со предната страна удрил автомобил „БМВ“ кој се движел во насока од исток кон запад. По ударот автомобилот и камионот се запалиле. Во несреќата на лице место починале четворицата патници во патничкиот автомобил, стои во соопштението на ОЈО Скопје.

ИЗДВОЕНИ