четврток, јуни 11, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Облог тежок речиси милијарда долари за пад на цените на нафтата пред...

Облог тежок речиси милијарда долари за пад на цените на нафтата пред примирјето со Иран – трансакција невообичаена за пазарот

3254

Инвеститорите инвестираа околу 950 милиони долари во облог за пад на цените на нафтата, само неколку часа пред САД и Иран да објават прекин на огнот. Тоа е најновото во низата големи инвестиции што му претходеа на важното политичко соопштение на американскиот претседател Доналд Трамп, а се однесуваа на насоката на цената на најтргуваната суровина во светот, пишува „Ројтерс“.

Инвеститорите продадоа вкупно 8.600 фјучерси за Брент и американска сурова нафта во вторник во 19:45 часот по Гринич, според податоците на LSEG. Кратко потоа, околу 22:30 часот по Гринич, Трамп се откажа од својата закана да уништи „цела цивилизација“ и објави двонеделно примирје со Ир,

Соопштението ги намали цените на фјучерсите за сурова нафта за околу 15 проценти, под 100 долари за барел на почетокот на официјалното тргување во среда.

Заземањето големи позиции поврзани со зголемување или паѓање на цените на нафтата не е невообичаено само по себе, бидејќи трговците го користат за да се заштитат од големи количини физичка нафта. Сепак, ваквите тргувања ретко се прават во толку големи серии одеднаш.

Трговците обично претпочитаат да ги распоредат своите нарачки на повеќе берзи и бараат од брокерите да користат алгоритамско тргување во текот на повеќе часови за да избегнат влијание врз цените. Големите нарачки исто така ретко се извршуваат по официјалното затворање на пазарот, што е од понеделник до петок во 18:30 часот по Гринич.

Потегот потсетува на слична ситуација на 23 март, кога инвеститорите продадоа фјучерси за нафта во вредност од 500 милиони долари само 15 минути пред Трамп да објави дека ќе ги одложи нападите врз енергетската инфраструктура на Иран.

Веста потоа ги шокираше пазарите и предизвика пад на цената на суровата нафта за 15 проценти.

Околу 6.200 договори за сурова нафта од типот Брент беа тргувани во вторник во 19:45 часот по Гринич, што е приближно 1 процент од вкупниот обем на денот во редовното тргување. Во исто време, беа продадени околу 2.400 договори за американска WTI нафта, што исто така претставува околу 1 процент од дневниот обем.

Менаџерот на берзата CME Group одби да коментира за случајот.

Ниту ICE ниту Комисијата за тргување со фјучерси за стоки на САД (CFTC), која ги надгледува пазарите на деривати на стоки во САД, не дадоа веднаш коментар.

Обемот на тргување се дуплираше од почетокот на војната
Од почетокот на војната, обемот на тргување и нестабилноста на пазарот на нафта експлодираа. За споредба, во трите години пред војната, дневно се тргуваа просечно по 300.000 договори за нафта од типот Брент.

Во последните четири недели, тој износ се дуплираше, а дневниот обем на тргување достигна рекордни нивоа од над еден милион договори, што одговара на вредноста на една милијарда барели нафта.

ИЗДВОЕНИ