Унгарската Национална изборна комисија потврди дека информациите на дневниот весник „Нерпсава“ според кои е направен обид за измама на личните податови на повеќе од 400 Роми во 18-тиот округ во Будимпешта, исто така под сомнителни околности сакале да ги регистрираат во посебен избирачки список за национални малцинства, т.н. Национален избирачки список.
Како што потврди Националната изборна комисија за унгарскиот весник, локалната изборна канцеларија на 18-тиот округ во Будимпешта на 24 март 2026 година поднела жалба против непознат сторител за „фалсифукување јавни документи и сомнеж за кривично дело против изборниот поредок“.
Како што наведува Националната изборна комисија, станува збор за обид за масовна изборна измама, во која се засегнати 441 лице. Локакната изборна комисија ги испратила сите 441 поднесени барања до истражен орган.
За да се гласа за малцинска листа, прво мора да се регистрира како гласач на одредено национално малцинство. Во овој случај, член на национално малцинство го губи правото да гласа за партиски листи, но сепак може да гласа за директен, индивидуален кандидат во својата изборна единица. Оние кои гласаат за малцинските листи, покрај гласачкото ливче со директни кандидати, добиваат и посебно гласачко ливче, на кое можат да изберат само еден, односно својата малцинска листа. Во Унгарија, малцинските листи имаат значителни предности при влегувањето во парламентот во споредба со редовните политички партии. Додека партиите мора да го поминат прагот од 5 проценти на национално ниво, малцинските листи се предмет на преференцијална квота, според која само една четвртина (25 проценти) од гласовите потребни за еден мандат на партиската листа се потребни за еден мандат.
На Ромите им се потребни повеќе од 20.000 валидни гласови за да имаат полноправен претставник во унгарскиот парламент, пишува весникот „Непсава“.
Се додава дека лидерот на листата на ромското малцинство, претседателот на Националната самоуправа на Ромите, Иштван Аба-Хорват, кој – иако со децении е член на Фидес на Орбан – ветува дека нема да претставува партија, туку интересите на ромската заедница.
Од 228.472 Роми што живеат во Унгарија, 47.427 од нив се регистрираа во Националниот избирачки список на Ромите на парламентарните избори на 12 април, пренесе „Н1“.












