петок, август 7, 2026
Дома БАЛКАН Нови, построги правила за електрични тротинети во Црна Гора – забрана за...

Нови, построги правила за електрични тротинети во Црна Гора – забрана за возење за малолетници под 16 години

0

Во Црна Гора стапуваат на сила нови правила со кои се наметнуваат построги ограничувања за употреба на електрични тротинети, особено кога станува збор за малолетници.

Според новите законски одредби, на лицата под 16 години ќе им биде забрането да возат електрични тротинети. Родителите кои ќе им дозволат на своите деца да возат и покрај забраната ќе бидат казнети со парична казна од 150 до 400 евра.

Младите лица на возраст меѓу 16 и 18 години ќе можат да користат електрични тротинети, но со одредени ограничувања. Во исто време, возењето две или повеќе лица на еден тротинет е забрането, а прекршувањето на ова правило исто така ќе биде казнето.

Измените на законот во Црна Гора воведуваат и дополнителни ограничувања за млади возачи под 21 година, вклучително и забрана за управување со тешки возила помеѓу полноќ и 5 часот наутро.

ИЗДВОЕНИ