понеделник, октомври 12, 2026
Дома СПОРТ КОШАРКА Новата магија на Јокиќ/ВИДЕО

Новата магија на Јокиќ/ВИДЕО

152

На подготвителниот натпревар на Денвер Нагетс против Чикаго Булс, Никола Јокиќ изведе потег за кој моментално се зборува на социјалните мрежи.

Во текот на втората четвртина, по фатена топка во одбрана, српскиот кошаркар упати додавање преку речиси целиот терен кон Арон Гордон, кој ја заврши акцијата со кош.

НБА го сподели видеото на своите официјални профили, а навивачите и аналитичарите го споредија Јокиќ со квотербек во американски фудбал.

„Ставете го во тимот на Бронкос наместо Бо Никс“, напиша еден навивач, мислејќи на квотербекот од НФЛ кој игра за тимот од Денвер.

Денвер победи на натпреварот со 133–128, иако на полувремето губеше со 68–59.

За време на 26-те минути поминати на теренот, Јокиќ оствари „трипл-дабл“ учинок – 22 поена, 11 скока и 10 асистенции – при што до овој резултат стигна уште пред крајот на третата четвртина. Гордон беше најефикасниот играч на Денвер со 25 поена.

По натпреварот, Јокиќ зборуваше за тоа што му било важно додека ја следел играта од клупата.

„Сакам да победувам и ја сакам кошарката. Секој ден, деталите се важни – особено кога на теренот има млади играчи. Одлично е да се гледа како учат и колку им е грижа, a тоа е нешто во што навистина уживам“, изјави Јокиќ.

ИЗДВОЕНИ