сабота, јули 25, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Новата цена на дизелот ќе ги израдува возачите, бензините поскапуваат минимално

Новата цена на дизелот ќе ги израдува возачите, бензините поскапуваат минимално

90

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 3,84 проценти во однос на претходната одлука од 26 мај 2026 година. Според РКЕ, намалувањето е резултат на падот на референтните цени на светските пазари, каде што бензините поевтиниле за 10,867 проценти, дизелот за 10,622 проценти, екстра лесното масло за 10,136 проценти, а мазутот за 8,238 проценти.

Од Комисијата посочуваат дека во пресметката е вклучено и намалувањето на акцизите за два денара по литар кај дизелот и бензините.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 6,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,238 ден/кг и сега ќе изнесува 47,906 ден/кг.

Во оваа пресметка земени се во предвид намалениот износ на акцизите за 2,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98.

Од 2.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 88,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 47,906 (денари/килограм)

ИЗДВОЕНИ