петок, август 7, 2026
Дома СВЕТ Нова ерупција на вулканот Етна го запре воздушниот сообраќај во Катанија, воведени...

Нова ерупција на вулканот Етна го запре воздушниот сообраќај во Катанија, воведени се специјални возови

0

Поради ерупцијата на вулканот Етна, воздушниот сообраќај на аеродромот Винченцо Белини во Катанија денес беше нарушен, откако облак од вулканска пепел и фонтана од лава од кратерот Ворагине го зафатија подрачјето над аеродромот.

Поради емисијата на вулканска пепел во атмосферата и затворањето на воздушниот простор кон југозапад, кризниот штаб на компанијата SAC, која управува со аеродромите во Катанија и Комисо, ја продолжи суспензијата на дојдовните летови до 16 часот, објавува порталот „Сицилија“.

Претходно беше објавено дека забраната ќе трае до пладне, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ