вторник, ноември 24, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Нов повик од ИПАРД III за земјоделските стопанства, преработувачите и руралните бизниси

Нов повик од ИПАРД III за земјоделските стопанства, преработувачите и руралните бизниси

0

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја објави најавата за јавниот повик 01/2026 од програмата ИПАРД III, кој се очекува во декември. Ќе опфати три мерки за кофинансирање инвестиции во земјоделските стопанства, преработувачките капацитети и руралните бизниси.

Од надлежните институции велат дека постапиле по препораките на Европската комисија и го спроведуваат Акцискиот план за зајакнување на системите за управување и контрола, со дигитално следење на проектите од одобрувањето до исплатата.

– Ја обновивме довербата во ИПАРД и продолжуваме да ги исполнуваме обврските кон Европската комисија. Ги зајакнуваме системите за управување и контрола и ги применуваме европските стандарди во спроведувањето на програмата – изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Мерката 1 е за инвестиции во земјоделските стопанства и во механизацијата, мерката 3 за преработка и маркетинг на земјоделските и на рибните производи, а мерката 7 за дополнителни дејности на фармите и на руралните бизниси. Од последната се изземени производството и продажбата на енергија од обновливи извори.

Барањата ќе се поднесуваат најмалку 45 дена од објавувањето на повикот во дневните весници. Упатствата и документацијата ќе бидат достапни на веб-страницата на Агенцијата, а бесплатни совети за аплицирање – во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

ИЗДВОЕНИ