Со донација од Амбасадата на Кина, Кратово ќе добие нов кошаркарски терен. Градоначалникот на Општина Кратово, Тодорче Николовски, потпиша меморандум за соработка со Амбасадата на република Кина во Македонија.
– Како резултат на добрите пријателски односи на Општина Кратово со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија, денеска во просториите на Амбасадата во Скопје, заедно со нејзината екселенција, амбасадорката Џианг Сјаојан, беше потпишан Меморандум за соработка.
Со овој меморандум, Амбасадата на Народна Република Кина донира финансиски средства во износ од 630.000 денари, наменети за изградба на кошаркарско игралиште, информираат од Општина Кратово.
Посочија дека средствата ќе бидат искористени за изградба на кошаркарско игралиште на месноста Мусала и ќе може да го користат сите жители како ново спортско-рекреативно катче.












