Петнаесетгодишник од Скопје ноќеска бил лишен од слобода откако бил затекнат како управува товарно возило, иако сè уште нема право да управува со моторно возило.
Како што информираат од МВР, случајот бил откриен околу 02:40 часот на улицата „Горно Лисиче“, при сообраќајна контрола спроведена од полициски службеници од СВР Скопје.
Полициските службеници сопреле товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека зад воланот се наоѓал 15-годишник. Во возилото бил присутен и неговиот родител.
За случајот бил известен јавен обвинител за малолетници, а по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.












