
Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, беше еден од ретките што го лоцираше поголемиот дел од вината за елиминацијата во сопствените редови и, можеби, е единствениот што на оригинален начин ги пофали фудбалерите на ПСЖ.
– Немавме убиствен инстинкт во нападот. Но, денес имавме доволно шанси за победа. Немавме многу 100-процентни шанси, но мораше да бидеме подобри за да ги добиеме. Само погледнете го ПСЖ. Тие се едноставно „убијци“. Постигнаа пет гола на првиот натпревар. Тоа ни требаше денес. Бевме блиску до финалето, но не можевме да ја завршиме работата – изјави Нојер.











