Лажните калуѓерки кои се претставуваат како членови на црковни редови се појавуваат сè повеќе низ цела Грција, особено на места каде што престојуваат голем број туристи. Тие се насекаде во Грција, пишуваат грчките медиуми.
Најчесто во болници, цркви и места каде што има многу туристи. Тие „ординираат“ и во одморалишта и на плажи на Халкидики, во солунскиот и олимпискиот регион, на плоштадот Аристотел во Солун и во близина на Белата кула. Каско што пишуваат грчките медиуми успеале да измамат многу луѓе, бидејќи на прв поглед не се разликуваат од обичните калуѓерки.
Облечени како калуѓерки, тие на наивни луѓе им продаваат бројаници, крстови и икони изработени и „осветени“ во манастир. Нивната облека не личи на онаа на вистинските калуѓерки, и е лесно да се забележи, но, ако се обрне внимание.
Тие мамат во групи, најчесто по две. Исто така, се случува додека едната се обидува да убеди некого да купи бројаница, другата им ги чепка џебовите. Тие се наметливи, а кога ќе ги одбиете, почнуваат да ве проколнуваат. Понекогаш шетаат по плажата, буквално им туркаат бројаници и крстови во рацете на луѓето, им кажуваат дека е бесплатно и дека не треба ништо да плаќаат, а потоа наметливо бараат некаков „придонес за манастирот“.
Полицијата ги апси кога успева да ги лоцира, меѓутоа, „се раѓаат нови бизнис калуѓерки“ и ги има насекаде.
Во последните месеци, во Солун, се забележува дека има сè повеќе лажни монаси – што значи дека и мажи се приклучиле на овој профитабилен „бизнис“. Вистинските калуѓерки ретко ги напуштаат манастирите и никогаш не продаваат осветени предмети надвор од манастирот, особено не на плажи и на толку агресивен начин. Бидете внимателни и не купувајте ништо од нив!
Во следното видео, видете како изгледаат и се однесуваат за да можете полесно да ги препознаете:












