Агентот на трофејниот шпански стручњак, Пеп Гвардиола, експресно ги демантираше пласираните информации дека Турција ќе биде следната дестинација на неговиот агент. Еден дел од турските медиуми ја пласираа и информацијата дека поранешниот менаџер на Манчестер сити може да биде или тренер на Трабзонспор или, пак, селектор на националниот тим.
–Пеп оваа сезона нема да тренира ниту еден клуб ниту репрезентација, порача агентот на Гвардиола.












