понеделник, јуни 29, 2026
Дома СВЕТ Незапамтени сцени: Германската полиција со водени топови ги спасува граѓаните од пеколната...

Незапамтени сцени: Германската полиција со водени топови ги спасува граѓаните од пеколната жештина/ВИДЕО

87
screenshot X

Рекорден топлотен бран што ја зафати Европа ги принуди германските полицајци и пожарникари да преземат необични мерки – тие користеа водени топови и противпожарни возила за да ги разладат луѓето. Додека температурите во неколку земји надминаа 40 степени Целзиусови, екстремната топлина предизвикува прекини во сообраќајот, енергијата и секојдневниот живот.

На социјалните мрежи се појавија снимки од Германија на кои се гледаат полициски водени топови како прскаат вода врз луѓето собрани во парковите, додека пожарникарите во Келн користеа специјални возила за прскање вода по улиците за да ја намалат температурата на воздухот.

Во Берлин, температурата достигна 39 степени во саботата, што ја натера полицијата да распореди два водени топови за да им помогне на луѓето да се справат со екстремната топлина.

Слична тактика на ладење беше употребена и во Прага, каде пожарникарите ги прскаа улиците со вода за да ги разладат луѓето.

Во исто време, Германија постави нов температурен рекорд. Во Мекерн-Древиц во покраината Саксонија-Анхалт, беше забележана рекордна максимална температура од 41,5 степени Целзиусови, соборувајќи го рекордот поставен само еден ден претходно.

Рекордите паѓаа и во други европски земји. Данска ја забележа највисоката температура откако се водат мерења – 37 степени, Чешка измерени 40,9 степени, Швајцарија го имаше својот најжежок јунски ден досега, додека Братислава ја доживеа својата најжешка ноќ откако постојат мерења.

Високите температури предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот и енергетскиот систем. Германскиот железнички оператор „Дојче Бан“ им понуди на патниците бесплатно откажување на патувањата, додека некои железнички линии се привремено суспендирани поради ризик од оштетување на инфраструктурата. Дел од еден од најпрометните автопати во близина на Хамбург е затворен откако асфалтот пукна поради топлината.

ИЗДВОЕНИ