Велика Британија ќе ја дочека Новата година со бури, силни ветрови и дождови кои веќе го принудија Единбург да ја откаже традиционалната новогодишна прослава, популарна кај многу туристи секоја година.
„Речиси цела Велика Британија е погодена од најмалку едно временско предупредување оваа недела, што ја илустрира тешкотијата на точната прогноза во моментот“, рече британскиот метеоролог Стив Вилингтон.
Во северна Англија, делови од Шкотска и Северна Ирска утре ќе има пороен дожд и силен ветер.