сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Невреме ќе го расипе продолжениот викенд

Невреме ќе го расипе продолжениот викенд

39

Под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас, во деновите петок, сабота и недела (22/23/24 Мај 2026) во Македонија повторно очекувам поголема дестабилизација на атмосферата. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензвни во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (со брзина од 50 до 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град.

И во делови од Скопската котлина во погоре споменатиот период ќе има услови за појава на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (со брзина од 50 до 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град.

Наутро температурурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 18 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 14 и 16 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 24 и 26 степени.

ИЗДВОЕНИ