четврток, јули 23, 2026
Дома СВЕТ Невообичаен грабеж во срцето на Рим: Крадци со автомобил влегле во еден...

Невообичаен грабеж во срцето на Рим: Крадци со автомобил влегле во еден од најпознатите бутици и направиле „чистка“

103

Група крадци синоќа ограбиле бутик на Луј Витон во центарот на Рим откако го скршиле излогот со својот автомобил, објави Анса.

Бутикот бил ограбен на централната римска улица Виа Кондоти во близина на Шпанските скали.

Според првичната реконструкција, група од тројца маскирани мажи удриле со својот автомобил во излогот синоќа околу 1:30 часот.

Вредноста на украдената стока сè уште не е позната.

Истражителите започнале истрага на местото на настанот.

ИЗДВОЕНИ