понеделник, јуни 29, 2026
Дома СВЕТ Нетанјаху: Врховниот водач на Иран е жив, се крие некаде

Нетанјаху: Врховниот водач на Иран е жив, се крие некаде

122
EPA/WILL OLIVER / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека верува дека врховниот водач на Иран, Моџтаба Хамнеи е жив.

Во интервју за емисијата „60 минути“, на „Си-би-Ес“, Нетанјаху рече: Мислам дека Моџтаба Хамнеи е жив. Каква е неговата состојба, тешко е да се каже.

Тој додаде дека Хамнеи се крие.

„Се крие во некој бункер или на тајна локација и се обидува да го одржи својот авторитет. Сметам дека го нема истиот авторитет што го имаше неговиот татко“, рече Нетанјаху“, објави „Тајмс оф Израел“.

ИЗДВОЕНИ