
Рускиот претседател Владимир Путин предложи вклучување на поранешниот германски кацелар Герхард Шредер во можните преговори меѓу Русија и Европа. Меѓутоа, зад кулисите, политичките кругови веруваат дека друг поранешен германски канцелар, Ангела Меркел, би била поприлагодена за улогата на посредник, наведува Шоигел“, повикувајќи се на извори.
Меркел важи за соодветен кандидат за улогата на посредник, бидејќи лично ги познава украинскиот претседател Володимир Зеленски и Путин. Исто така, таа помина значаен дел од времето во пензија.
Весникот додава дека европските земји продолжуваат да ја разгледуваат можноста за преговори со Русија, со оглед на неуспешното искуство на американското посредување. Членките на ЕУ се желни да учествуваат во преговорите со Москва, пренесува „Нов украински глас“.











