Нетанјаху го испраќа директорот на Мосад да преговара за завршување на војната во Газа

326
Меѓутоа, не е објавено кога Давид Барнеа ќе отпатува во Доха, каде што претходно беше одржана последната рунда индиректни преговори на Изаел и милитантната група Хамас.
За 15 месеци војување е постигнатно само едно кратко примирје, и тоа во првите недели од судирот. Преговорите во кои посредуваа САД, Египет и Катар оттогаш беа повеќе пати во застој.
Нетанјаху настојува дека мора да се уништи способноста на Хамас да се бори во Газа.
Хамас настојува на целосно повлекување на израелската војска од Газа, која е раозрена со последната израелска офанзива.
Министерството за здравје на Газа соопшти дека повеќе од 46.0000 Палестинци се убиени од 7 октомври 2023 година.
Некои невладини организации тврдат дека бројот на настрадани е всушност за околу 50 отсто поголем и дека надминува 65 илјади.

 

ИЗДВОЕНИ