вторник, август 18, 2026
Дома БАЛКАН Несреќа на грчкиот остров Закинтос: Шестмина повредени откако туристички брод удрил во...

Несреќа на грчкиот остров Закинтос: Шестмина повредени откако туристички брод удрил во бетонски блокови

0

Грчката крајбрежна стража денес соопшти дека шест лица се повредени кога туристички брод удрил во бетонски блокови при враќањето во пристаништето Агиос Николаос Волимон на грчкиот остров Закинтос.

Инцидентот се случил синоќа, по завршувањето на крстарењето со разгледување знаменитости, објавува „Катимерини“.

На бродот имало вкупно 24 патници и двајца членови на екипажот.

ИЗДВОЕНИ