Неславен рекорд: Епидемија на стечаи во Европа лани!

37

Бројот на стечаи во Западна Европа минатата година беше најголем од 2013 година. Според извештајот на ревизорската агенција Creditreform, 190.449 компании поднеле барање за стечај.

Во исто време, се очекува тој број да продолжи да расте.

„Три години економска стагнација и рецесија не ја погодија само Германија, туку и цела Европа“, изјави директорот за истражување на Creditreform, Патрик-Лудвиг Хантз, пренесува dpa.

Од најниското ниво во 2021 година и 112.686 стечаи, тој број во Западна Европа се зголеми за речиси 70 отсто до 2024 година.

Трендот не е само последица на пандемијата, туку придонесе и од наглиот пораст на цените на енергијата, падот на побарувачката и геополитичката неизвесност. Генерално, низа кризи во последните години ги збришаа можностите за закрепнување или раст на компаниите.

Во 15 од 17 западноевропски земји опфатени во анализата, бројот на стечаи е зголемен во однос на претходната година.

Повеќе од една третина од стечаите во регионот се забележани во Франција, 66.088, што е за 17,4 отсто повеќе од претходната година.

Највисока стапка на раст на стечаи, од 42,5 отсто, забележа Грција, пред Ирска со 32 отсто и Холандија со 31,7 отсто. Во тие земји, пак, апсолутниот број на стечаи беше неспоредливо помал.

ИЗДВОЕНИ