недела, јуни 21, 2026
Дома СВЕТ Егзекуција во зори, во Јордан: Владата погуби шест лица осудени за тероризам...

Егзекуција во зори, во Јордан: Владата погуби шест лица осудени за тероризам и за убиство

32

Јорданската Влада ги изврши смртните казни во зори во неделата, на шест лица што беа осудени во одделни случаи на тероризам и насилни злосторства во кои беа убиени припадници на војската и на безбедносните сили.

Министерот за комуникации и официјален портпарол на Владата, Мохамед ал Момани, потврди дека егзекуциите се извршени веднаш откако сите пресуди добиле конечна судска потврда и откако биле исполнети сите законски процедури, објави „News.Az,“ повикувајќи се на агенцијата „Анадолу“.

Меѓу егзекутираните се две лица поврзани со озлогласениот случај „Солена ќелија“ од 2018 година, кој вклучуваше формирање локална терористичка ќелија. Нападите на групата резултираа со смрт на неколкумина членови на безбедносните служби, војници и персонал на јорданската армија и на Дирекцијата за јавна безбедност.

Уште едно лице беше егзекутирано во врска со случај на тероризам од 2022 година, кој заврши со убиство на висок полицаец.

Другите три егзекуции беа поврзани со сериозни случаи на трговија со дрога, кои ескалираа во насилство. Две лица беа осудени по вооружени судири со полицијата во текот на одделни рации против наркотици во 2014 и во 2017 година, додека друго лице беше осудено за инцидент од 2018 година во кој беше убиен полицаец при рација.

Властите соопштија дека сите казни биле извршени во согласност со законот откако биле исцрпени сите жалбени процедури.

 

ИЗДВОЕНИ