недела, јуни 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тешко е повреден 21-годишен мотоциклист во судир со патничко возило „ауди“

Тешко е повреден 21-годишен мотоциклист во судир со патничко возило „ауди“

36

Дваесет и едногодишен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на булеварот „Никола Карев“ во Скопје.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 20 јуни околу 19:15 часот, а во неа учествувале патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Х. (48) од Куманово и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Т. (21) од скопското село Визбегово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а се работи на утврдување на причините за сообраќајната незгода.

ИЗДВОЕНИ