петок, јуни 5, 2026
Дома СПОРТ Неочекуваниот наследник на Левандовски ќе чини 90 мил. евра

Неочекуваниот наследник на Левандовски ќе чини 90 мил. евра

2149
epa11935240 FC Barcelona striker Robert Lewandowski celebrates after scoring the 4-0 lead during the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and Real Sociedad at the Montjuic Olympic stadium in Barcelona, Spain, 02 March 2025. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона со месеци бара замена за Роберт Левандовски. Легендарниот Полјак веќе ги спакува куферите за да ја напушти Каталонија, а наскоро ќе се знае кој ќе го наследи дресот со број девет.

Бројни имиња се поврзуваат со Барса, а најчесто споменуван е српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, кој е идеална цел со оглед на тоа што е слободен агент од летото, но според сите извештаи, тој е подготвен да остане во дресот на Јувентус.

Сега се појави ново име за позицијата прв напаѓач на Барса. Станува збор за 24-годишниот германски репрезентативец и актуелен член на Њукасл, Ник Волтемаде.

Човекот за кого „сврчките“ му платија на Штутгарт 75 милиони евра минатото лето наводно е желба на тренерот на Барса, Ханси Флик кој го гледа како „идеален“ напаѓач за својот тим.

„Ханси Флик му рекол на Деко да го потпише Волтемаде од Њукасл. Тој го гледа како идеална замена за Левандовски. Договорот би можел да чини помеѓу 70 и 90 милиони евра“, тврдат англиските медиуми.

Многумина секако веруваат дека овие бројки се превисоки за Волтемаде бидејќи тој не се смета за напаѓач од светска класа. Сепак, Њукасл минатото лето плати дури 75 милиони евра за неговите услуги, а тој постигна 10 гола на 42 настапи за овој клуб.

Од друга страна, Флик наводно е убеден дека е вистинскиот човек за неговиот тим и дека нападот на Барселона ќе биде многу посилен со него.

Барселона со години се бори со финансисиските ограничувања и правилата за финансиски фер-плеј, па затоа е јасно дека потенцијалниот трансфер на Волтемаде би бил вистинска акробација во однос на буџетот. Каталонците би морале да направат сериозен простор во сметката за плати, но веројатно и да продадат еден или двајца важни играчи од првиот тим за да можат воопшто да започнат преговори со Њукасл.

ИЗДВОЕНИ